|
На
устието на двете реки Вардар и Треска на излезот на
Скопје кон Тетово ресторанот “Ореов лад” им посакува
Топло Добредојде на сите љубители на старата
македонска кујна. Ресторанот е надалеку познат, не
само по вкусната кујна, туку и по топлата атмосфера
покрај каминот во зима и единствената летна бавча во
лето. Ресторанот има сопствен паркинг, детско
игралиште каде најмладите безгрижно можат да се
играат, базен со жива пастрмка во лето, каде гостите
можат да ја уловат и веднаш да им се спреми на скара
или под традиционалниот старо македонски
вршник.
Одличната услуга како и комплетното задоволство и
помош Ви овозможуваат: Љубезниот персонал, а за Ваша
пријатна забава и добро расположение во вечерните
часови на располагање Ви стои музика во живо, по чии
ноти слободно може да заиграте внатре и во летната
бавча на ресторанот. |
ПРОБАЈТЕ ГИ НАШИТЕ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ
Повелете
да ги пробате нашите специјалитети:
грне и пита печена под вршник |
|
|
РЕЦЕПТ НА МЕСЕЦОТ
Погледнете
го нашиот предлог за рецепт за овој месец -
Гибаница со спанаќ |
| |
 |
|